Стратегиско управување на пазарот
Со овој наслов добиваме еден вистински компас за навигација низ непознатите води на денешните турбулентни пазари. Со користење конкретни структури и процеси, авторот покажува како да се разберат пазарната динамика и предностите на фирмите во создавањето победнички бизнис-стратегии.
Дејвид А.Ејкер е почесен професор на Универзитетот „Беркли“, Калифорнија. Тој, во оваа книга открива неколку уникатни аспекти меѓу кои прецизното дефинирање на поимот бизнис-стратегија, деталната анализа на потрошувачите, конкуренцијата, пазарот и неговата динамика, меѓусебните врски на стретегиските обврски, опортунизмот и приспособливоста, проширувањето на бизнисот на глобално ниво, создавање синергиски маркетинг дефиниран од производот или од соодветната земја. Денес организациите имаат многубројни производи и пазари, па создавањето соработка и комуникација, наместо конкуренција и изолација, станува императив.
Факт е дека секој пазар може да се опише како динамичен. Како резултат на тоа, фирмите мора да бидат флексибилни во адаптирањето на стратегиите. Повеќе од кога било мора да се врши менување или приспособување на традиционалните стратегиски алатки за управување кон динамиката на пазарот. Соочувањето со тој динамичен пазар бара стратегии што се базирани на потребите од потрошувачите и од креативноста. Ова е одлична книга што е од голема помош во разбирањето на новите модерни маркетинг-стратегии. Оваа литература е задолжителна за секој економист, а препорачлива за сите читатели со претприемчив дух.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Стратегиско управување на пазарот
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –