Свет зад светот
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2023
Оригинален наслов:
Свет зад светот |
Бр. на страни:
308 |
Димензии:
190x120
|
Корица:
/
„Свет зад светот“ е нова теориска книга на Лидија Капушевска-Дракулевска, тематски врзана за македонската книжевност. Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. [...] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст. [...] „Свет зад светот“ од Лидија Капушевска-Дракулевска одново ја потврдува научно-акрибичната и есеистички суптилната постапка на авторката. Капушевска-Дракулевска ги прави своите анализи со јазик и стил кои се несомнено научни, но кои, истовремено, по својата култура на изразот, исцело одговараат на уметничката материја за која станува збор. Акад. Влада Урошевиќ
Оценки
Сѐ уште нема оценки.