СВЕТЛАНА АНТОНОВСКА – МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ДАМА
Во досегашниот период, делата на истакнатиот општественик, политичар, статистичар и научник Светлана Антоновска и нејзиниот општествено-политички и професионален, односно научен ангажман не се целосно валоризирани во нашиот општествен простор иако за многу од нив временската дистанција од мигот кога биле најактуелни до миговиве што ги живееме не само што го овозможува, туку и го изискува тоа. Оваа монографија е прво дело во коешто е опфатен севкупниот период на нејзиното работење и дејствување, од нејзиното рано општествено-политичко ангажирање во седумдесеттите години на XX век па сѐ до последните години од нејзиниот физички живот.
Монографија, покрај тоа што овозможува детална опсервација на ангажирањата, достигнувањата и резултатите на Антоновска, не претставува само подетален хронолошки приказ на значајни настани од нејзиниот општествено-политички и професионален пат, туку и „канал“ преку кој во нашата современост ќе се пренесе нејзиниот глас, став и визија од различните периоди на нејзиното дејствување и работење. Потем, во изданието е објавена и селектирана библиографија на Антоновска.
Во нашата историја, Антоновска заслужува достојно место и како основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија, односно како прв предводник на процесот на трансформација на македонската статистика и втемелувач на европските стандарди во неа.
13 оценки за СВЕТЛАНА АНТОНОВСКА – МАКЕДОНСКАТА ЧЕЛИЧНА ДАМА
Questions and Answers
You are not logged in
Иван Антоновски (верификуван корисник) –

Anonymous (верификуван корисник) –
Иван Антоновски (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –