Своја: за најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува. Кн. 1
Автор:
Ирена Никола Чаушевска
Издавач:
Ирена Даниловска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Своја: за најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува. Кн. 1 |
Бр. на страни:
272 |
Димензии:
14 х 20 см
|
Корица:
/
СВОЈА е приказна за младото и грдо пајче кое се трансформира во прекрасен бунтовен лебед што го освојува светот. Слатки животни раскази кои струјат со енергија, развлекуваат насмевка на лицето, но и предизвикуваат солзи во очите и кои допираат длабоко во душата на читателот. Вистински животни ситуации за упорноста и амбициозноста што водат до успехот и тогаш кога никој не верува во вас. Теми кои предизвикуват немир од реалноста и бруталноста на животот, но и важноста да останете свои и принципиелни до крај. Преку животните искуства и искушенија низ кои поминува авторката „соголена“ пред читателите, ќе научиш што значи да се биде своја и да се чекори низ животот „со црвени сандали“ на начин со којшто ќе оставиш заслужен белег! СВОЈА е и бестрашно експозе на авторката за една континуирана борба до последен здив и храброст да се избори со секоја животна епизода, градејќи го посветено СОПСТВЕНИОТ ИДЕНТИТЕТ. Одлучна, упорна и храбра, таа ги разрешува животните ситуации на свој уникатен начин и со невидена самодоверба, практикувајќи постапки што се секогаш пред времето. Таа ве охрабрува да сонувате и да го достигнете недофатливото, но воедно ве потсетува дека зад секој успех и признание, стојат многу часови макотрпен труд, многу учење и многу посветеност. Ја соголува пред нас душата за личните емотивни борби и погрешните избори. Ја отфрла маската, ги става повторно крилјата, за да излезе од ’зоната на комфорот‘, за што многумина немаат храброст, испраќајќи порака дека е тоа единствениот пат до МИРОТ И СПОКОЈОТ, не заборавајќи ја притоа уникатната и мотивирачка моќ на љубовта и значењето на вистинскот партнер. Таа ја изнесува вистината без да ги менува фактите, без страв од осуда, а градејќи ја сопствената интимна исповед гради универзална приказна која нѐ обединува сите нас.
7 оценки за Своја: за најважните работи во животот за кои никој не нè подготвува. Кн. 1
Questions and Answers
You are not logged in
Катерина Златановска Попова –
Длабоко искрена, но без да ви остави простор да ја сожалувате. СВОЈА е животна приказна раскажана во еден здив, која се чита баш така, во еден здив. Приказна за погрешните перцепции, предрасудите, личните борби и животот под маски. Неверојатно женска книга за љубовта, разочарувањата, погрешните и вистинските избори, книга од која неизбежно ќе затреперите, на моменти ќе забележите дека сте го запреле здивот, а на моменти ќе се препознаете себеси како во огледало. Ова е уникатно четиво кое истовремено мотивира, инспирира, охрабрува и незапирливо ве менува и ве трансформира да ја побарате посилната, подобра верзија од себе и од својот живот.
– Катерина Златановска Попова, експерт за развој на човечки потенцијал
Сашо Димоски –
СВОЈА е автофикција во епизоди. Гласот на текстот (емоционален, искрен, соголен до суштини) го носи читателот од една до друга пресвртна точка, раскажувајќи возбудлива приказна за предизвиците, радостите, тагата, љубовта, среќата и несреќата, праведноста и неправедноста, искреноста и лагата, приказна за важноста да се остане своја без оглед и наспроти сѐ. Од друга страна, СВОЈА е след од животни поуки извлечени од непосредноста на приказната: коментари, заклучоци и насоки кои, во оваа автофикција, се проблесоци на мислата. Искрени, длабоки, интимни и автентично женски, епизодите во романот СВОЈА со сигурност ќе најдат своја публика која со нетрпение ќе го очекува вториот дел од трилогијата.
– Сашо Димоски, писател
Татјана Џамбазова –
There is so much in this little book about a person who knows how to make a big life. In a simple but engaging retrospective, Irena has a lot of wisdom to share from a life that, if it were a painting, it would resemble a small boat in a big ocean, in which ever-bigger waves lure behind the first one. The boat doesn’t turn, against all odds it rides the waves with unsurpassed determination. Because the captain has a burning flame in place of the heart (Оган во срцето) and a strive to go forward, to never be discouraged, never turn around or look back and never blame the ocean for its waves. A Sisyphean story with a different changed ending. Because Irena doesn’t play someone else’s game, she changes the rules when they don’t make sense. If nothing else, this book will make one understand the meaning of the word ‘Perseverance’: continued effort to do or achieve something despite difficulties or failure. Because that is what makes a real entrepreneur and a great human. Hats off, Maestra!
– Татјана Џамбазова, директор на продукт менаџмент
Биљана Ѓоргиовска Анѓушев –
На моменти ми доаѓаше да ја свиткам страницата поради напнатоста и немоќноста да ја решам твојата ситуација, особено во делот со бракот со погрешен човек, финансискиот, психичкиот и физичкиот стрес. Не ми се верува низ каков пекол си поминала. А особено за раѓањето на ќерка ти, кнедла во грлото ми стоеше, а солзите на работ од очите чекаа наредба од секоја следна прочитана реченица да ми се слеат низ лицето. Многу ми се допадна целата линија со приказната за твојот вистински, целата леснотија и убавината на таквата љубов. Искрено, најискрено – БЛАГОДАРАМ што ми дозволи да те запознаам и што полека, низ секоја приказна, се соголуваше.
– Биљана Ѓоргиовска Анѓушев, агент за недвижности, моден дизајнер
Жаклина Гештаковска –
Книгата има лесна мисла која те заведува да читаш понатаму. Опишува искуства на созревање од девојче, девојка и жена, низ животни премрежја кои ја прават посилна. Преку страниците за младешките години, читателката неизбежно се сеќава на своите, па книгата се претвора во патување низ сопственото созревање. СВОЈА е интересно четиво за растење, израснување и повторно раѓање на една жена, кое напати е болно, но таа секогаш останува своја. Читајќи ја книгата, можам да ја замислам и како нежен кафе-муабет со најдобрата пријателка.
– Жаклина Гештаковска, специјалист за родова еднаквост
Невенка Димитрова –
Гласот на авторката на СВОЈА е искрен, многу моќен и оригинален. Длабоки доживувања и искрени вложувања за самореализација и успех. Книгата СВОЈА оди во сферите што не им се дозволени на многу жени. Уштe посилно е тоа што поуките, дадени во најемоционалните моменти, се уште поголемо сведоштво дека истрајноста и пасијата за тоа што го работиш за општо добро и со вистинска мотивација секогаш мора да успее. СВОЈА има потенцијал да биде ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН БЕСТСЕЛЕР!
– Невенка Димитрова
Александар Ивановски –
Моето видување за книгата се заснова врз познатиот цитат од Нелсон Мандела: „Не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку пати ќе се издигнеш повторно“. Одлична лектира за млади амбициозни претприемачи, каде што е насликан суровиот корпорациски свет, проследен со животните разочарувања и стресови. Во целиот хаос, позитивното мислење, храброста, упорноста и самодовербата се најдоброто оружје на нашата хероина. Тие четири фактори се токму главните ‘виновници‘ за нејзиниот денешен успех на професионално и на приватно ниво.
– Александар Ивановски, проектен менаџер и консултант