Тарафот
Автор:
Петар Трајков
Издавач:
Дата ПЕСНОПОЈ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Тарафот |
Бр. на страни:
232 |
Димензии:
21
|
Корица:
тврда
ТАРАФОТ е роман од жанрот историска фикција кој обработува актуелна тематика. Според хроники Тараф е назив за група со политчко дејство на народите од Балканот пред појавата на современите познати политички организации. Проследува приказна за едно аристократско семејство со интересна и сложена приказна која се раскрилува за време од два века. Сторијата се раѓа во огнените револуции во Грција, битките во Србија и востанијата во Бугарија, а се развива пред читателот среде новото искушение на 21 век.
Македонија Серенисима е една тајна и прогонета круна која се крие зад работата на група наречена Тарафот. Таа се појавува и во балканските војни и дејствува во времето на двете светски војни под граѓанско знаме Македонија на македонците и, го проследува тешкиот и мачен живот на народот поврзано со личните стории на неколку генерации од семејството.
Езотеријата во овие страници открива нови содржина за многу термини. Иванити, тевтони, венецијанска олигархија и други имат функција да објаснат одредени случувања историски, социјални и геополитички не само во минатото туку и денес.
Многу љубов и страдање, радости и тага, жртва и лична гордоста се употребени како материјал за главните ликови но, силен преплет на вредности и идеи се градиво за сите ликови кои се дел од оваа грандиозна и прекрасна приказна. Тие сведочат за тоа како би требало и можело да се справиме со денешните актуелни животни случувања.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.