Терминологија (контрастивна терминолошка анализа)
Автор:
Милена Саздовска Пигуловска
Издавач:
Датапонс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Терминологија (контрастивна терминолошка анализа) |
Бр. на страни:
206 |
Димензии:
145х205
|
Корица:
мека
Предмет на истражување во оваа книга е терминологијата од теоретски и од прагматичен аспект. Книгата е поделена во седум глави коишто се занимаваат со различни терминолошки прашања од дефинирање на терминологијата, преглед на главните теории и приоди во областа на терминолошките проучувања, па се до развојот на терминологијата во македонскиот јазик под влијание на современите случувања. Притоа се дискутира едно од најважните прашања во областа на терминолошките проучувања, односно стандардизацијата на терминологија во актуелни семантички области и важноста на контрастивната терминолошка анализа на актуелни видови терминологија, како што е правната, економската и терминологијата на Европската Унија. Посебно внимание се посветува и на меѓународни терминолошки корпуси, при што се разгледува и состојбата со македонските терминолошки корпуси.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.