Тешко е да не ме сакаш
Автор:
Јасминка Петровиќ
Издавач:
Чудна шума |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Мене је тешко не волети |
Бр. на страни:
112 |
Димензии:
А5
|
Корица:
мека
Крцко не е совршен. Пред некој ден го изеде чевелот на мама и го уништи моето омилено списание. Тато го вика Напаст затоа што, вели, никогаш не видел понепослушно куче. Откако Крцко е член на нашето семејство, тато повеќе време минува во шпајзот, одошто во дневната соба. А балетската претстава „Оревокршачка“ во која ја играм главната улога само што не се одржала, и замислете, професорката Олга сака и Крцко да учествува во претставата! Каде и да се појави, Крцко стекнува нови фанови. Дури и другите балерини го обожаваат, а нив не е лесно да ги задоволиш. Што да ви кажам, навистина е тешко да не го сакаш. Нина е совршена! И покрај тоа што сака змии и што ми се лути кога ќе ѝ искинам некое глупаво списание. Ме остава да ѝ ги грицкам ушите, а нејзините уши се најмеки на светот! Мама и тато се во ред. Тато ме вика Напаст, нешто што навистина не го разбирам, ама супер е кога заедно лаеме од тераса за да го нервираме комшијата Симе. Велат дека постојано правам некакви глупости, дека сум непослушен и смотан, ама никогаш не ми се лутат долго. Дури и комшијата Симе вели дека сум добро куче. Што да ви кажам, навистина е тешко да не ме сакаш!
Questions and Answers
You are not logged in