ТЕСЛОЛОГИЈА – Потрага за научната оставина на Никола Тесла

Издавач: Стојан Трошански | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: ТЕСЛОЛОГИЈА – Потрага за научната оставина на Никола Тесла | Бр. на страни: 250 | Димензии: 23 | Корица: мека

Книга за човекот што: ֍ ја определи иднината на човештвото; ֍ имаше ум што функционира како природата; ֍ ги постави основите на една нова физика – физиката на етерот – и создаваше материја од истиот; ֍ ги спозна космичките закони, кои претставуваат објективни закони на природата; ֍ ја измисли наизменичната струја, а потоа презентираше уште подоро решение – безжичен пренос на сигнали и енергија. Со тоа го реши енергетскиот проблем на човештвото; ֍ ги постави темелите на информациските технологии, роботиката и вештачката интелигенција; ֍ комуницираше со планети и цивилизација од Венера за кои само тој знаеше; ֍ ја знаеше енергетската тајна на планетата Земја, или, со други зборови кажано, тајната на управување со геофизичкиот систем на планетата Земја; ֍ изведуваше експерименти што и по цел еден век сѐ уште не може да се повторат од страна на светските научници, а ќе ги повторат само оние поединци што ќе размислуваат како него; ֍ го посвети својот живот на науката за човештвото да биде среќно и да има повеќе љубов; ֍ вчерашните чуда ги направи денешно секојдневие. ... неговото име ... Никола Тесла. Со оваа студија авторот д-р Стојан Трошански заснова нова филозофсконаучна дисциплина ТЕСЛОЛОГИЈА, која го проучува и забрзува развојот на колективниот ум на глобалното општество. Ние веќе ја живееме информатичката доба на Теслините научни откритија: безжичен пренос на сигнали, далечинско управување и дигиталната информатика. Духовната наука и космолошка етика претставуваат хармонија на идната религија на човештвото обединети со Теслината технологија. За Свест! За Светлина! За нова цивилизација Теслиана! - од рецензентот проф. д-р Велимир Абрамовиќ. Книгата ТЕСЛОЛОГИЈА – Потрага за научната оставина на Никола Тесла, претставува уникатно/оригинално дело. Овде првпат во научната литература се воведува нов термин „теслологија“, кој треба да ја опфати целокупната научно-истражувачка работа на Никола Тесла под едно име. Пристапот што е користен за ова истражување е трансдисциплинарен. Под терминот „теслолог“ се подразбира стручен термин што се однесува на научникот што ја истражува Теслината технологија во својот домен на науката, а кој може да се однесува на повеќе научни дисциплини. Со оглед на тоа дека досега овие научници се условуваат под терминот „теслианци“ или „следбеници на ликот и делото на Никола Тесла“, овој термин прави чекор понапред и со тоа овие истражувачи ги искачува на повисок пиедестал меѓу официјалната научна заедница. Доколку го прифатиме научниот и филозофски концепт на Никола Тесла во доменот на науката, човештвото и науката ќе напредуваат како никогаш досега. Токму Тесла успеал да ги антиципира физичките закони на универзумот и истите да ги преточи во свои апарати што ќе му помогнат на човештвото технолошки и духовно да доживее свој напредок. Тој е единствениот човек што во познатата историја на човештвото успеал најдобро да се „приклучи“ на т.н. Акаша Библиотека – информационото поле на универзумот, вклучувајќи ја секако и нашата планета Земја, и оттаму да ги канализира космичките закони, кои претставуваат објективни закони на природата. Глава Прва го претставува конструктот и методолошката основа на книгата. Овде е определен предметот на истражување, хипотетичката рамка, целите и начинот на истражување (методите и инструментите што се користени во истото) и научната и општествена оправданост на истражувањето. Во Глава Втора се дефинира поимот „теслологија“ и е опфатен трансдисциплинарниот пристап кон научната оставина на Никола Тесла. Покрај ова, во оваа Глава е инкорпориран неговиот придонес во полето на повеќе научни дисциплини. КОСМОЛОШКИОТ МОРАЛ И ЕТИКА НА НИКОЛА ТЕСЛА НИКОЛА ТЕСЛА И НЕГОВАТА ЕТЕРСКА ФИЗИКА НИКОЛА ТЕСЛА, АЛБЕРТ АЈНШТАЈН, МИЛЕВА МАРИЌ И ПРАШАЊЕТО ЗА ПОСТОЕЊЕТО НА ЕТЕРОТ; ОСОБИНАТА НА АТОМОT; СВЕТЛИНАТА КАКО ЗВУЧЕН БРАН; НИКОЛА ТЕСЛА И АСТРОНОМИЈАТА; ТЕСЛА ПРЕКУ ЛАБОРАТОРИЈАТА ВО КОЛОРАДО СПРИНГС МУ СИГНАЛИЗИРА НА МАРС; ИСТРАЖУВАЊАТА ВО КАНАДА, КОМУНИКАЦИЈА СО НАПРЕДНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ОД ВЕНЕРА И НЕГОВИОТ ТЕСЛАСКОП МОЌТА НА ИСТРАЖУВАЊАТА НА ТЕСЛА ВО ДОМЕНОТ НА ХЕМИЈАТА КАКО НАУЧНА ДИСЦИПЛИНА; ШТО ГИ ПОВРЗУВА ДИМИТРИЈ И. МЕНДЕЉЕЕВ И НИКОЛА ТЕСЛА? ЕТЕРОТ!; ГЕНИЈАЛНАТА ИДЕЈА ЗА НЕУТРАЛИЗАЦИЈА НА РАДИЈАЦИЈАТА; ТЕСЛА ГО РАЗБИВА АТОМОТ БЕЗ ДА ОСЛОБОДИ ЕНЕРГИЈА; НИКОЛА ТЕСЛА И НОВАТА МЕДИЦИНА НА ИДНИНАТА - ВИБРАЦИОНАТА МЕДИЦИНА; ТЕСЛА И НЕГОВАТА МЕХАНИЧКА (ЕЛЕКТРИЧНА) ТЕРАПИЈА; ОТКРИТИЕТО НА Х-ЗРАЦИТЕ И НЕГОВАТА ТЕОРИЈА НА МЕМОРИЈА; НОВ ПАТЕНТ: ПО РЕЦЕПТ НА НИКОЛА ТЕСЛА ОД 1920 ГОДИНА ВОДА СО ЕЛЕКТРОНИ ГО НЕУТРАЛИЗИРА МЕТИЛ АЛКОХОЛОТ ВO КРВТА; РАЗВОЈ НА РЕГЕНЕРАТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА; ФИЛОЗОФСКИОТ АСПЕКТ НА ИСТРАЖУВАЊАТА НА НИКОЛА ТЕСЛА ТЕСЛА И ВЕДСКАТА ФИЛОЗОФИЈА БЕЗБЕДНОСНИОТ АСПЕКТ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ПРОНАЈДОЦИ НА НИКОЛА ТЕСЛА МАТЕМАТИКАТА ВО ИСТРАЖУВАЊАТА НА НИКОЛА ТЕСЛА ТАЈНАТА НА БРОЕВИТЕ 3, 6 И 9; НИКОЛА ТЕСЛА И НЕГОВОТО СПЕЦИФИЧНО НАУЧНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ПРАВОТО И ЕКОНОМИЈАТА КАКО ПОСЕБНИ НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ НИКОЛА ТЕСЛА И ПСИХОЛОГИЈАТА КАКО НАУКА ПРИДОНЕСОТ НА ТЕСЛА ВО ИНФОРМАТИЧКИТЕ НАУКИ И КОМПЈУТЕРСКОТО ИНЖЕНЕРСТВО; ОСНОВАТА НА НАШАТА МОДЕРНА ЦИВИЛИЗАЦИЈА ПРЕТОЧЕНА ПРЕКУ ЧЕТИРИ ПАТЕНТИ НА НИКОЛА ТЕСЛА; ЗАСЛУЖЕНИТЕ НОБЕЛОВИ НАГРАДИ НА НИКОЛА ТЕСЛА Во Глава Трета се опфатени научните почетоци на Никола Тесла, неговите истражувања во лабораторијата во Колорадо Спрингс од 1899 година, проектот „Варденклиф“ од 1901 година и заедничките особености помеѓу овој проект и структурата и функцијата на пирамидите како геометриски тела. Последната точка од овој дел претставува научна сензација во денешно време, земајќи ги предвид резултатите до кои дојдоа одредени научници. Глава Четврта ги опфаќа аспектите на плазма-технологијата на Никола Тесла, феноменот на топчестите молњи, и секако, Тунгускиот експеримент од 1908 година, последниот Теслин експеримент со кулата Варденклиф. Глава Петта насловена како - „Никола Тесла и експерименталната физика“, се однесува на Теслините експерименти со радијантна енергија, неговиот т.н. автомобил на космичка енергија и контроверзниот експеримент „Филаделфија“ од 1943 година. Во Глава Шеста се расправа за технолошките концепти на Никола Тесла: Телегеодинамика, Телеавтоматика и Телефорс - Проектот „Зраци на смртта“, досега најкоментираниот концепт на Никола Тесла. Глава Седма се однесува на динамичката теорија на гравитација на Никола Тесла, неговата летачка машина и окултното германско друштво „ВРИЛ“. Глава Осма е посветена на напредокот во Теслината технологија. Овде се опфатени т.н. модерни системи за греење и модификација на структурата на јоносферата, и нивниот капацитет за модификација на климатските услови. Глава Деветта претставува продолжение на претходната Глава, и во неа подетално се опфатени техниките за модификација на климатските услови. Глава Десетта прави анализа на сфаќањето на војната и иднината на воените процеси според Никола Тесла. Овде се презентира неговата теорија на војната претставена преку анализата на Првата светска војна. Потоа, во посебна точка од Главата се зборува за неговиот обид во спречувањето на Втората светска војна. На крај од оваа Глава е објаснета неговата успешна улога во спречувањето на Третата светска војна, благодарение на современата технологија која во суштина претставува негова идеја.

Цена: 1500 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КупиКнига

Report an abuse for product ТЕСЛОЛОГИЈА – Потрага за научната оставина на Никола Тесла

Категории: ,
ИСБН: 978-608-66340-2-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “ТЕСЛОЛОГИЈА – Потрага за научната оставина на Никола Тесла”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in