Тино од мојот влез
Автор:
Жарко Кујунџиски
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
64 |
Димензии:
23х22
|
Корица:
/
„Жарко Кујунџиски, автор кој сè уште важи за млад, но кој, со необично занимлив настап во македонската литература, внесе свежина и модерен пристап во темите кои обично вечно кружат низ авторските ракописи, овој пат се нафаќа да го слика светот на детето, и тоа преку триесетина куси раскази, чија стожерна личност е детето Тино – Тино од мојот влез, како што нагласува авторот. Тино е современо дете, со фантазија соодветна на модерното чувствување. Тој без пречки живее и соработува со јунак од типот на Супермен, Спајдермен или на Бетмен, овој пат негов идол и пријател – Ле Жба, личен суперјунак, кој секогаш му доаѓа напомош и го извлекува од незгодните ситуации, зашто Тино е дете, како што нагласува авторот, кое кога нема проблеми, самиот решава да ги создаде“. Оливера Николова
Questions and Answers
You are not logged in