ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ – живот и дело
Монографија посветена на животот и делото на македонскиот композитор Томислав Зографски (1934-2000). Низ возбудливата прошетка низ историјата на неговите славни претци, сите зографи, градители, резбари, почнувајќи од 17-от век до последниот претставник, неговиот дедо, познатиот сликар Ѓорѓи Зографски, потоа низ следењето на детството на Зографски, на неговото созревање како композитор и неговите плодови како автор, педагог и сестран деец, направен е еден сеопфатен пресек на дејноста на Томислав Зографски.
Описот на неговото творештво што следи потоа, претставувањето на неговите темелни карактеристики, неговите изворишта и неговите сливови сосема логично го дополнува првиот дел од книгата и објаснува на каков начин вроденото (генетското) и стекнатото (наученото) се претопуваат во еден исклучително богат творечки опус.
За да биде книгата и сеопфатна и капитална свој придонес даваат и дваесетина познати личности од нашиот музички и културен живот, академици, истакнати културни дејци и студентите од неговата класа, денес видни композитори, кои низ своите сеќавања од времето во кое, како своевидни „ВИП“ личности ја имале среќата да го следат Зографски одблиску, и со своите искази го комплетираат мозаикот за да може ова издание да ги добие атрибутите „сеопфатно“ и „капитално“.
Во последниот дел од книгата се открива една малку позната страна на личноста на Зографски и претставува своевидно изненадување за читателите.
1 оценка за ТОМИСЛАВ ЗОГРАФСКИ – живот и дело
Questions and Answers
You are not logged in
Tomi Zografski (верификуван корисник) –