Тркало на времето
Автор:
КАРЛОС КАСТАНЕДА
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
124 |
Димензии:
125X200
|
Корица:
/
Тркало на времето може да се чита и да се доживее како вовед во опусот на Карлос Кастанеда - мистериозниот нагуал кој сметал дека тајните на вселената можат да се откријат доколку го следиме духовниот пат на шаманите на старо Мексико. Оваа книга е разјаснување на патот, патоказ кон одговорите на прашањата што си ги поставува секој човек во својот живот. Во неа се собрани низа изреки и идеи од знаењето на шаманите кои се интересни за читање и за размислување. Следејќи ги овие необично моќни цитати, создаваме скица на мислите и на чувствата што шаманите на старо Мексико ги имале за животот и за смртта, за вселената и за енергијата, за процесот на патување низ животот. За да може да живее, на човекот му требаат многу повеќе од копнеж и алчност - му требаат љубов и спонтаност, ненаситна љубопитност и смелост во изобилство. Зашто ние сме организми кои создаваат енергија. Ние сме искри на енергијата. Но ние сме живи суштества; мораме да умреме и да ја напуштиме свесноста. Меѓутоа, кога би можеле да смениме макар малку од тоа, какви тајни би морале да нè чекаат? Какви тајни!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.