Трпезни маслинки: Производство и преработка
Производството и преработката на трпезните маслинки во минатото било карактеристично за земјите околу Средоземното Море, но денес тоа е подеднакво важна индустрија во многу други земји ширум светот. Информациите за оваа многу важна земјоделска култура се наоѓат во текстот од оваа книга. Таа ги покрива историските, ботаничките и земјоделските аспекти за трпезната маслинка, вклучително зреењето и бербата. Даден е детален преглед на физичко-хемиските и на микробиолошките карактеристики на секој вид маслинки. Разгледани се и анализирани актуелните проблеми со меѓународната потрошувачка на овој производ, трговијата и прописите што важат за него.
Д-р Гаридо Фернандез работи во Одделот за прехранбена биотехнологија на Институтот „Граса“ во Севилја, Шпанија. Д-р Фернандез Диез пред своето пензионирање во 1991 година, работел заедно со Гаридо во истиот Оддел на Институтот „Граса“. Д-р Мартин Адамс предава на Факултетот за биолошки науки при Универзитетот во Сари, Англија.
Авторите имаат големо и долгогодишно искуство во областа со што оваа книга добива значење на суштинска литература за трпезните маслинки. Секој што се занимава со оваа значајна земјоделска култура, од земјоделските научници, нутриционистите и технолозите, мора да ја поседува оваа книга. Што уште да се каже. Ако веќе ја купивте книгата, пред да почнете со читање, може да наминете до најблиската продавница и да си купите трпезни маслинки.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
2 оценки за Трпезни маслинки: Производство и преработка
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –