Царица
Автор:
Шан Са
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Impératrice |
Бр. на страни:
364 |
Димензии:
125х195
|
Корица:
мека
Приказната за најголемата кинеска царица, кај читателите остава длабоки траги, истовремено трогнувајќи со својата едноставност, но и со исклучителната судбина на оваа жена-воин. Сценариото навлегува во царскиот дворец каде што живеат над десет илјади конкубини. Сведок е на убиства, завери, предавства, станува кинеска царица. Преживува војна, глад, епидемија. Ја воздигнува кинеската култура до совршенство, се опкружува со поети, калиграфи, филозофи. Од најубавата палата на светот владее со најголемото светско царство. Но, на крајот, ѝ го оцрнуваат името, ѝ ја искривуваат историјата, ѝ ги бришат спомените: мажите ѝ се одмаздуваат на жената којашто се дрзнува да биде царица.По тринаесет векови, таа за прв пат ги отвора вратите на Забранетиот Град...
3 оценки за Царица
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Anonymous (верификуван корисник) –
kul,super
Anonymous (верификуван корисник) –
Преубава книга, не само што ни покажува дека поривите и страстите со векови се исти, но и дека и положбата на жената во секое општество си ја одредува жената сама! Се откриваат детали, обичаи на едно друго време но и запрепастувачки искрено се покажува дека мајчинската љубов под напливот на страста и желбата за власт не мора да се подразбира! Моќта и опачината на власта и како влијае на личноста. Се чита во еден здив.