Црно сонце
Автор:
Јулија Кристева
Издавач:
Артконект |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Soleil noir / Julia Kristeva |
Бр. на страни:
312 |
Димензии:
15×23 cm
|
Корица:
/
Во „Црно сонце“ авторката го комбинира својот суштински интерес за психоанализата со истражувања од областа на лингвистиката, естетиката, семиотиката и книжевната теорија. Првите неколку есеи се посветени на преиспитување на стандардната психоаналитичка и психијатриска разработка на депресијата и меланхолијата преку оригинален пристап што главно се темели на семиотиката. Во другите есеи, пак, Кристева ги анализира уметничките претстави на депресијата и меланхолијата во сликарството и во книжевноста. „Црно сонце“ е исклучително важна книга во поглед на разбирањето на интердисциплинарниот пристап во толкувањето на уметноста. Особено значаен е аналитичкиот дел во кој различни уметнички дела се разгледуваат низ комплексна методолошка призма. Кристева ги анализира сликите на Холбајн, романите на Достоевски и на Дирас, како и поезијата на Нервал, нудејќи оригинални и креативни толкувања и воспоставувајќи импресивен методолошки апарат.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.