Улицата на светулките (тврд повез)

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: Firefly lane | Бр. на страни: 490 | Димензии: 21 | Корица: тврда

Кејт има прифатено дека засекогаш ќе биде обична и непопуларна летото кога, на нејзино воодушевување, „најголемата фраерка на светот“ се доселува во куќата преку улица и изразува желба да ѝ биде пријателка. Тали Харт има сè – убавина, интелигенција, амбиција. Тие навидум се тотално различни: Кејт, осудена вечно да биде непопуларна, со семејство кое би направило сè за неа. Тали, целата гламурозна и мистериозна, но со тајна што ја убива. Тие прават пакт да бидат најдобри пријателки засекогаш и до крајот на летото стануваат неразделни.

Напуштена од мајка си на рана возраст, Тали е очајна да му ја докаже својата вредност на светот и копнее за безрезервна љубов. Како што растат, така Тали слепо ги следи своите амбиции во Њујорк и низ светот, пронаоѓајќи слава, успех… и осаменост. Кејт знае дека нејзиниот живот нема да биде ништо посебно. Таа само сака да се заљуби, да има деца и нормален живот. Не е ни свесна колку животот како сопруга и мајка ќе ја смени… и колку ќе ѝ завидува на славната најдобра пријателка…

Триесет години заедно ги преживуваат бурите на пријателството и мислат дека можат да преживеат сè, но едно предавство ги разделува… и ги става на тест нивната храброст и нивното пријателство.

Цена: 550 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Улицата на светулките (тврд повез)

Категории: ,
ИСБН: 978-608-260-031-4-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Улицата на светулките (тврд повез)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in