Умоверзум / Фима Клетникова

Издавач: Макавеј | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Умоверзум | Бр. на страни: 80 | Димензии: 21cm; А5 | Корица: мека

Просветлението, мудроста, хармонијата создадена меѓу чувствувањето и перцепирањето, отвореноста и креативноста на битието, животната радост и сенките на смртта, но и безвремената божја љубов - се стожерните теми во овој ракопис на Фима Клетникова, македонска поетеса во најзрелата творечка доба, една од корифејките на македонската лирска сцена денес, иако на извесен начин, на истата таа сцена, поетеса која од загадочни причини е недоволно оценета, рангирана и вреднувана. Но, таа со својата поезија, вклучително и со оваа книга е откритие што самото по себе е неповторлива вредност и врвен дар за македонската поезија и за поезијата на нашето време, воопшто.

Стихозбирката „Умоверзум“ содржи шеесетина песни, сместени во шесте циклуси - „Првиот крик“, „Умоверзум“, „Водата учи да зборува“, „Аплауз на тишината“, ,„Писмо“ и „Созерцание“.

Целината на стихозбирката пулсира во ритамот на една плавна метафорика која во спој со благата метонимичност во градирањето на мотивите создава атмосфера на лирска беседа за чудата на Божјиот универзум и проблесоците на човековиот ум.
Бранко Цветкоски

Цена: 246 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Макавеј

Report an abuse for product Умоверзум / Фима Клетникова

Категорија:
ИСБН: 978-608-205-522-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Умоверзум / Фима Клетникова”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in