Уника-Огнот на животот
Автор:
Е.Ј Аллибис
Издавач:
Просветно дело |
Јазик:
Македонски |
Година:
2011
Оригинален наслов:
Unika - La fiamma della vita |
Бр. на страни:
512 |
Димензии:
0x0
|
Корица:
/
Тивкиот живот на три петнаесетгодишни деца ќе биде вознемирен од мистериозни и возбудливи настани. Ќе се сретнат со еден необичен професор и од него ќе ја откријат неверојатната причина за тоа што се случува: едно од нив е ангел, не знае дека во срцето го чува Огнот на животот, еден од двата основни ентитета што овозможуваат да владее со универзумот. Но кое од нив е ангелот? Која е неговата приказна? Зошто го носи Огнот во срцето? Каква ќе биде неговата судбина? Во моментот кога ќе сфатат дека се во центарот на вистински лов, ќе бидат грабнати од две чудни суштества што ќе ги одведат во друг свет. Тој свет е сместен во друга димензија: онаа на Сефира, прекрасната долина каде што живеат ангелите. Во Сефира децата конечно ќе можат да откријат кое од нив го чува Огнот на животот. Ќе го запознаат светот на ангелите и ќе бидат вплеткани во мистериозна приказна за Уника, привлечниот ангел-воин што се жртвуваше за доброто на човештвото. Преку фасцинантни последователни пресврти ќе преживеат возбудлив настан што ќе заврши со Адливун, легендарната битка меѓу Доброто и Лошото со несигурен исход и непредвидлив крај.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.