Век со Конески, мигови со Блаже
Автор:
Владимир Мартиновски
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Век со Конески, мигови со Блаже |
Бр. на страни:
305 |
Димензии:
190x120
|
Корица:
тврда
Збирката есеи Век со Конески, мигови со Блаже од Владимир Мартиновски е значаен влог во компаративното проучување и толкување на поезијата на Блаже Конески. Водејќи грижа и за теориските ставови на Конески, изнесени во неговите есеи, авторот Мартиновски врз анализата на поетскиот опус на доајенот на современата македонска поезија ги применил трите основни модели на компаратистичките истражувања, зацртани од еминентниот компаратист Зоран Константиновиќ: генетско-контактните врски; типолошките аналогии и интердисциплинарните поврзувања.
Во првиот дел од книгата, насловен „Век со Конески“, неговата поезија ja чита низ споредбени визури, укажувајќи на врските со делата на голем број писатели и уметници од различни епохи и книжевни традиции: од Хомер, Овидиј и Кавафис до Шимборска, Бродски и Павловиќ; од Данте, Сервантес и Шекспир до Рацин, Шопов и Ренџов; од Његош, Андриќ и Скацел до Ѓузел, Ќулавкова и Дурацовски; од Болер, Пикасо и Сенгор до Мартиноски, Личеноски и Георгиевски.
Во вториот дел, именуван „Мигови со Блаже“, преку серија микроесеи и куси записи, Мартиновски фрла новa светлина врз значајни аспекти на поезијата на Конески.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.