Вештачко дишење
„Вештачко дишење“ е објавен во 1980 година, време кога илјадници граѓани на Аргентина „исчезнале“ при обидот на владата да создаде авторитарна држава. Во облик на детективски роман, преку различни нивоа на мистерија, книгата ги истражува силите на влијание низ историјата на Аргентина. Нараторот, писател по име Емилио Рензи, почнува да го бара исчезнатиот вујко, Марсело Маги, кој е поврзан со низа контрадикторни семејни приказни и енигматични писма. Токму преку тие писма Емилио дознава дека неговиот вујко водел истраги за животот на Енрике Осарио, секретар и шпион на аргентинскиот диктатор Росас од деветнаесеттиот век.
Романот во вториот дел се претвора во своевиден есеј во кој авторот развива книжевни теории преку разговор меѓу два лика, извртувајќи ги законите на картезијанската логика и конструирајќи фасцинантни тези, како врската меѓу Кафка и Хитлер.
„Еден од најважните латиноамерикански романи во последниве децении.“
The New York Time Book Review
Оценки
Сѐ уште нема оценки.