Виљево
Автор:
Лука Бекавац
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Viljevo |
Бр. на страни:
236 |
Димензии:
13x20
|
Корица:
мека
„Виљево“ почнува со монолог препишан од лоша снимка, каде што осамен глас отвора панорама на речиси ненаселената Славонија, загубена во лето и во прав, а завршува со опсесивен коментар на пожолтени страници од нечиј дневник од Втората светска војна, додека во темниот простор помеѓу чека суровиот транскрип од дијалог во кој се случува напнато одмерување на силите. Севкупно пред нас е ризична потрага по место каде што би можело да почне заедничката приказна.
Ретко кој писател може толку лесно да манипулира со жанровите, нудејќи клучеви со кои романот може да се отвори и како трилер, научна фантастика или како хорор, но Бекавац го прави тоа само за да ги измеша жанровите пред читателите и да им понуди една единствена клучалка: онаа на најдобрата проза, која може секаде да одведе.
Награда на Хрватската академија на науките и уметностите 2014.
Награда „Јанко Полиќ Камов“ на Хрватското друштво на писатели 2014.
Награда за литература на Европската Унија во 2015.
„Читателот цврсто ја држи оваа книга во раце, како вреден (книжевен) плен.“
Марио Главаш
1 оценка за Виљево
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –