Виртуелни модели на живеалишта од македонското народно градителство
Оваа книга е резултат на несопирливиот развој во областа на компјутерската технологија и нејзиното влијание во сферите на обичното човеково живеење. Кога се размислува од тој агол, не може а да не се разгледуваат овие современи општествени
влијанија од страна на етнологијата и антропологијата, односно од нивната млада субдисциплина, антропологијата на кибер-просторот.
Покрај теоретските аспекти кои се застапени во првиот и во вториот дел, во последната третина од книгата се оди кон практичната изработка на 3Д-моделите. Ова сепак не е прирачник за совладување на софтверските пакети кои се користени при изработката на 3Д-моделите, туку приказ на постапката на изработка.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.