Владетелот
Автор:
Николо МАКИЈАВЕЛИ
Издавач:
Ѓурѓа |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Владетелот |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
115X185
|
Корица:
/
Владетелот, најпознатото дело на Николо Макијавели кое се смета за втемелувач на модерната политичка наука, дава една зачудувачки прагматична формула за политичкиот успех. Рецептот за моќ на Макијавели, образложен во 26 поглавја, е релевантен и денес, во политичките превирања на XXI век. Нештата треба да ги гледаме „такви какви што се, а не такви какви што би требало да бидат“, пишува тој, претпочитајќи го стварниот свет пред замислениот. Владетелот мора да биде храбар, енергичен, ако е потребно дури и суров и безобѕирен, за да може да ја постигне својата цел. Тој мора да се потпира на сопствените сили, на својата војска и на народот, да ги одбегнува платениците, да не биде скржав, но не и премногу дарежлив, да се стреми повеќе да се плашат од него отколку да го сакаат, мудро да ги прима само добрите совети, да настојува да биде што повеќе ценет, а особено да внимава да не стане омразен и презрен од страна на народот.
Дури и 500 години откако е напишана, оваа безвремена лекција за автократското владеење продолжува да го буди интересот не само кај изучувачите и експертите туку и кај широката читачка публика.
1 оценка за Владетелот
Questions and Answers
You are not logged in
Мите Зашов (верификуван корисник) –
Дали има разлика помеѓу изданието на издавачката куќа Ѓурѓа и на ФЕНИКС, гледам различен број на страни имаат? -Јас ја имам онаа од ФЕНИКС, но не знам дали пишува нешто повеќе во другата? Ако ги има прочитано некој и двете ве молам за одговор. Поздрав,