Во длабока ноќ зората се раѓа

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Во длабока ноќ зората се раѓа | Бр. на страни: 300 | Димензии: 200х140 | Корица: мека

Павле Раковски е еден од најистакнатите и клучните личности од македонското ослободително движење во Егејска Македонија, односно од периодот на Граѓанската војна во Грција, во која беа вклучени и Македонците и врз нивниот грб се случија најголемите преломи и катастрофи во тие воени пресметки. Иако е еден од клучните личности во организирањето на македонската борба во тој дел на Македонија и во тој период, Раковски беше неправедно запоставен, игнориран и ограничен во своите права и слободи, а ниту му беше дадено праведно и објективно неговото место во тие процеси од страна на македонската историографија. Во оваа книга, која со поднаслов е дообјаснета „сеќавања, размислувања, сознанија“, а напишана од авторот уште во 1972 година, Раковски запишал сеќавања за настаните од своите најмладите години, наведени се хронолошки сите периоди од неговото учество во сите настани за време Првата светска војна и Граѓанската војна во Егејска Македонија (од 1941-1949) – неговото активно вклучување во раководните органи во разни организации, директно и индиректно. Записите содржат единаесет глави каде се наведени сите позначајни настани од тој период, почнувајќи од самото формирање на првите македонски воени единици, појавата на првата македонска привремена азбука, како и разни воени организации, здруженија, па првиот оркестар, првите учителски школи на македонски јазик... Всушност, во оваа книга се опфатени голем број настани случувања, сеќавања, размислувања и многу документи со цитирана литература.

Цена: 300 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Во длабока ноќ зората се раѓа

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-10-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во длабока ноќ зората се раѓа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in