Во материјата прозорец

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: U materiji prozor | Бр. на страни: 170 | Димензии: 120x170 | Корица: /

Панорама на современата црногорска поезија, уредил Влатко Симуновиќ Во почетокот на последните две децении од 20-от век, Црна Гора се најде на историска раскрсница. Вторпат во еден век (како политички субјект) таа е пред исчезнување. Системот на вредности кои со векови ја постулирале нејзината виталност е фрлен в бездна. Заедницата е остро биполаризирана. Се актуализира прашањето на црногорската државна самостојност, правото на именување на јазикот со црногорското национално име... Во текот на општествената дебата за тие прашања, писателите се интегрираат околу две остро спротивставени идеолошки концепции. Писателите кои со својот ангажман настојуваат да го афирмираат црногорскиот индивидуалитет ги одликува хетерогеност во творечките стратегии и посветеност на вредностите на отвореното општество. Нивните дела се одредени со специфичности на стандардизираниот црногорски литературен јазик. Во историскиот „цивилизациски судир“ кој почна во втората половина на осмата деценија на 20-от век, поетиките на групациите писатели кои творечки го афирмираат црногорскиот субјективитет се покажаа општествено прифатливи. Државата Црна Гора е обновена во 2006 година. Црногорската книжевност денес е нејзин заштитен знак и несомнено најквалитетниот „културен“ производ кој таа го има. Влатко Симуновиќ

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Во материјата прозорец

Категорија:
ИСБН: 978-9989-928-98-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Во материјата прозорец”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in