Во материјата прозорец
Author:
Влатко Симуновиќ
Publisher:
Блесок |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
U materiji prozor |
Num. of pages:
170 |
Dimensions:
120x170
|
Cover:
/
Панорама на современата црногорска поезија, уредил Влатко Симуновиќ Во почетокот на последните две децении од 20-от век, Црна Гора се најде на историска раскрсница. Вторпат во еден век (како политички субјект) таа е пред исчезнување. Системот на вредности кои со векови ја постулирале нејзината виталност е фрлен в бездна. Заедницата е остро биполаризирана. Се актуализира прашањето на црногорската државна самостојност, правото на именување на јазикот со црногорското национално име... Во текот на општествената дебата за тие прашања, писателите се интегрираат околу две остро спротивставени идеолошки концепции. Писателите кои со својот ангажман настојуваат да го афирмираат црногорскиот индивидуалитет ги одликува хетерогеност во творечките стратегии и посветеност на вредностите на отвореното општество. Нивните дела се одредени со специфичности на стандардизираниот црногорски литературен јазик. Во историскиот „цивилизациски судир“ кој почна во втората половина на осмата деценија на 20-от век, поетиките на групациите писатели кои творечки го афирмираат црногорскиот субјективитет се покажаа општествено прифатливи. Државата Црна Гора е обновена во 2006 година. Црногорската книжевност денес е нејзин заштитен знак и несомнено најквалитетниот „културен“ производ кој таа го има. Влатко Симуновиќ
Reviews
There are no reviews yet.