Вознемирени луѓе

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: Folk med ångest | Бр. на страни: 352 | Димензии: 13×20 | Корица: /

„Вознемирени луѓе“ е апсурдна комедија за заложничка драма што се случува среде презентација на стан за продажба. Неуспешен ограбувач на банка се затвора со група луѓе со чудни, необични карактери. Разбојникот на крајот ќе се премисли и ќе ги пушти сите заложници, но, кога полицијата влегува внатре, станот е – празен. Во серија од дисфункционални сослушувања на сведоците во полициската станица, читателот има можност да ги следи детално различните верзии на тоа што всушност се случило, при што се развива едно класично составување на мозаик околу неколку прашања: Како успеал да избега разбојникот? Зошто се сите толку гневни? И во што е проблемот со луѓето во денешно време? Потресен и шармантен роман за злосторство што никогаш не се случило, потенцијален разбојник и осуммина крајно вознемирени странци, кои сметаат дека имаат повеќе заедничко отколку што замислувале. Полна хумор и емпатија, „Вознемирени луѓе“ е генијално конструирана приказна за трајната моќ на пријателството, простувањето и надежта – нештата што нè спасуваат дури и во немирни времиња. Само шест гласови ја делеа најновата книга на омилениот Фредрик Бакман од победничкото место на „Goodreads choice awards“ во категоријата „Најдобра прозна книга за 2020 година“. Наскоро и – ТВ-серија на Netflix.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Вознемирени луѓе

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-467-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Вознемирени луѓе”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in