Време на лаги (Табу I)

Издавач: Блесок | Јазик: Македонски | Година: 2010
Оригинален наслов: Vrijeme laži (Taboo I) | Бр. на страни: 230 | Димензии: 140x200 | Корица: /

Време на лаги, прв дел од трилогијата Табу, e роман кој проговара за Виктор Тауск, една од најинтересните личности на хрватската модерна. Преку животната судбина на тој заборавен писател, правник и психоаналитичар, кој меѓу другите се дружел со Сигмунд Фројд и ѝ бил љубовник на femme fatale од виенскиот fin de siècle Лу Саломе, Сибила Петлевски ќе заврти исклучително возбудлива трилогија во која се преплетуваат сегашноста и почетокот на дваесеттиот век, Првата светска војна, шпионски афери, теми за сексуалноста и феминизмот, сите прашања кои ги отворила виенската модерна и кои до денес не престануваат да бидат клучни за разбирањето на современиот човек. Време на лаги на интригантен начин преку ликот на писателката и нејзиниот пријател Твртко кои се интересираат за Тауск нè воведува во трилогијата и во драматичниот дваесетти век. Во првиот дел на Табу, Сибила Петлевски ги поставува координатите, но и пластично ја исцртува сета драматичност и неповторливата галерија од вистинити, измислени и домислени ликови кои силно ја одбележуваат трагедијата на интелектуалецот – Виктор Тауск. Трилогијата Табу им е посветена на храбрите, кои не прифаќаат да живеат во време на лаги; на луѓето кои не се плашат од слободата.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Блесок

Report an abuse for product Време на лаги (Табу I)

Категорија:
ИСБН: 978-9989-59-339-0

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Време на лаги (Табу I)”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in