За молитвата
Автор:
Евагриј Понтиски
Издавач:
ТАБЕРНАКУЛ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2001
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
220 |
Димензии:
200mm x 140mm
|
Корица:
мека
Оваа книга е нетенденциозен обид да се направи корисна за секого, мала „антологија“ на светоотечките поуки за Молитвата. Во првиот опус е приложен најстариот познат текст за молитвата, во форма на кратки поуки, од Евагриј Понтиски. Следејќи ја истата форма на изразување подоцна настануваат и „400 глави за Љубовта“ од св. Максим Исповедник, како и делата на светите отци собрани од св. Никодим Агиорит во петтомниот избор на „Филокалиа“. Благодарение на св. Пајсиј Величковски „Филокалиа“ подоцна е преведена на руски јазик, под името „Добротољубие“. Вториот опус од ова издание е избор на текстови токму од „Добротољубие“-то кои даваат многуполезни слова за верата, за заповедите, догмите, за помислите, страстите, добродетелите, за безмолвието и за молитвата.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.