За смислата и за апсурдот

Издавач: Восток | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: За смислата и за апсурдот | Бр. на страни: 168 | Димензии: 20 цм | Корица: мека

Книжевните студии во книгата  За смислата и апсурдот, претставуваат извонредни есеистички и книжевно-херменевтички текстови што ги отвораат горливите прашања за човекот и светот како што се моќта, насилството, потрагата по вистина и смисла, релативноста на перспективите и светогледите. Човековата потрага по смисла често запаѓа во стапиците на апсурдот, па затоа оваа книга го добила токму овој наслов.

Славица Гаџова Свидерска (1984, Битола), доктор на филолошки науки, поет, есеист, книжевен теоретичар и преведувач. Ги објавила поетските збирки Бесконечност (2001), Писма (2012), Политики на љубовта (2015) и Тела (2016) и научната студија Книжевноста и дискурсите на моќта (2013). Учествувала на бројни поетски фестивали и е добитничка на голем број награди, меѓу кои Енхалон на Струшките вечери на поезијата (2012) и Караманов (2016). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, словачки, чешки, српски, хрватски, босански, италијански и албански јазик. Се занимава со проучување на врските меѓу книжевноста, дискурсите на моќта и политичкото насилство. 

Цена: 300 ден

3 на залиха

Спореди
Продавач Восток

Report an abuse for product За смислата и за апсурдот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4885-08-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “За смислата и за апсурдот”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in