Замоци на гневот

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Castelli di rabbia | Бр. на страни: 210 | Димензии: 13x20 | Корица: /

Во Европа во XIX век, во некое измислено, но можеби и возможно гратче, сѐ тече како историја и приказна: соништата на господин Раил и усните на госпоѓа Раил; приказната за првите возови; мажот што го слуша бескрајот; детето што на себе ја носи сопствената судбина; волшепството на Кристалната палата; необичниот живот на архитектот Хектор Хоро, кој замислува градови од стакло. Ова е стилистичка партитура, составена од виртуозност и бистрина, копнежлива сетилност и болна литанија. Наративното писмо на Барико има исклучителна убавина, која се раѓа од енергичната интуиција на светот.Првиот роман на Алесандро Барико, според многу критичари, е и прв по важноста. Со овој роман Барико го одбра курсот што го доведе до еден од водечките европски писатели на денешницата.„Како човек што првпат го открил светот и сѐ уште не сфатил дека постојат граници.“Ангела Пападопулу
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Замоци на гневот

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-207-6

Questions and Answers

You are not logged in