Засолниште во времето
Автор:
Георги Господинов
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Засолниште во времето |
Бр. на страни:
317 |
Димензии:
20
|
Корица:
тврда
Непрекинато произведуваме минато. Ние сме фабрики за минато. Живи машини за минато, што друго. Јадеме и произведуваме минато. Дури и смртта не е решение. Човекот си отишол, а минатото му останало. Каде оди после сето тоа лично минато? Го купува ли некој, го собира ли, го исфрла ли? Или ќе се тркала како стар весник, потфрлан од ветрот по улицата. Каде одат сите оние започнати и недовршени приказни што уште крвават, сите оставени љубовници, „оставени“ – зборот не е случаен, касапски збор. Дали минатото се разградува или останува практично непроменливо како најлонските ќеси, труејќи бавно и длабоко сѐ наоколу. Не треба ли да има некаде и фабрики за рециклирање на минатото? Може ли воопшто да се направи нешто друго од минатото, освен минато? Може ли на обратен начин да се рециклира во некаква иднина, макар и вторична употреба? Ете ти прашања.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.