Завет за Македонија

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 240 | Димензии: 17х24 | Корица: /

Се соочуваме со автентични сведоштва од прва рака, зашто Џиков бил активен учесник во најважните настани од поновата македонска историја. Богато поткрепени со факти и со фотографии, неговите анализи, колумни и интервјуа (објавени од 2000 до 2014 година, период кога авторот бил на одговорни општествени функции како судија, државен јавен обвинител и адвокат), се возбудливи документи за едно вознемирено, брзо време што сите ние, граѓаните на Р Македонија, го доживеавме врз своите плеќи и души. Низ овој ракопис, обемен „мемоарски запис“, како што го именува авторот, среќаваме низа личности, случувања и ситуации што одиграле значајна улога во пресвртните години по осамостојувањето на државата.

проф. д-р Александар Прокопиев

 

Еден од тие храбри луѓе, несомнено, е Ставре Џиков. Кога многумина молчеа, кроткиот Ставре беше најгласен. Кога повеќето беа вткаени во масата, Ставре беше авангардата. И кога авангардата стана секојдневје, кога секој се приклучуваше кон неа, Ставре тивко се повлече. Но тој никогаш не ги напушти својата борба и долгот кон татковината, едноставно дејствуваше тивко, без да очекува почести и признанија. Остана да твори, да пркоси и да се соочува со предизвиците.

проф. д-р Никола Жежов

доц. д-р Теон Џинго

 

Мнозина денес, посебно помладите, не се свесни за тоа под кои услови, во кои околности и притисоци, со кои жртви и придонеси, овој народ воопшто опстојувал и опстоил. Џиков со оваа книга потсетува уште еднаш на сето тоа. Но тој има и една длабока порака: сета таа наша модерна историја да не се заборава. Напротив,

да се проучува, да се прошируваат нејзиното знаење и познатост, да се извлекуваат поуки од нашите драми во минатото. Сосе овие драми, внатрешни и надворешни, што ги доживувавме и што сѐ уште ги доживуваме. Бидејќи тоа е сѐ уште историја во тек, недовршена историја, ние и овие генерации пред нас треба да ја довршиме таа историја.

проф. д-р Димитар Мирчев


Рангирано 5.00 од 5 според 2 рејтинзите на корисниците
(2 оценки на корисници)

Цена: 300 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Завет за Македонија

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-097-3

2 оценки за Завет за Македонија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

  2. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

    interesno izdanie

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in