Зборот на непријателот
Автор:
Лука Бенаси
Издавач:
ПНВ Публикации |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
La parola del nemico |
Бр. на страни:
132 |
Димензии:
18
|
Корица:
/
Неговата поезија е слоевита, загадочна и мошне асоцијативна. Секоја негова песна создава специфична и различна атмосфера, која е тешко да се именува. Тоа е поезија која бара мошне суптилни и внимателни читатели. Насловите би го ограничиле полето на читање и толкување на неговите песни. Поезијата на Лука Бенаси е поезија на мигот. Тој се осмелува да го долови најнеуловливото, нејнедофатливото, односно мигот... Неговите песни и поетски слики се истовремено спонтани, но и крајнo внимателно и трпеливо градени. Тој никогаш на читателот не му дава премногу, ами доволно. Извонредно тешко е да се постигне таков баланс меѓу метонимиското и метафоричното во поезијата како што тоа го прави Лука Бенаси. Владимир Мартиновски
Questions and Answers
You are not logged in