Зборови
„Зборови“ е книга која со право се смета за ремек-дело на Сартр. Според Симон де Бовоар, оваа книга наишла на восхитувачки прием кај публиката. Тоа е книга за која Сартр се трудел да биде убаво напишана, за разлика од другите негови дела, во кои главно настојувал што поверно да ги изнесе своите идеи. Две својства придонесуваат за извонредниот успех, за плаузибилноста на ова дело и за неговото посебно место во севкупниот разновиден и богат творечки опус на Сартр: неговата уметничка валидност, од една, и несекојдневната искреност и отвореност, од друга страна, која напати се граничи со целосна соголеност на авторот, во изнесувањето и коментирањето на најприватните постапки и чувства од детството и младоста.
Questions and Answers
You are not logged in