Жената во белото кимоно

Автор: Ана Џонс
Издавач: КУЛТУРА | Јазик: Македонски | Година: 2019
Оригинален наслов: The woman in the white kimono | Бр. на страни: 400 | Димензии: 20 | Корица: мека

Разделени со океани и неколку децении, две жени се неразделно поврзани со тајните меѓу нив. Инспирирана од вистинита приказна, Жената во белото кимоно открива прекрасен портрет на две жени: едната растргната помеѓу културата на својот народ и своето срце, и другата, која е на пат да го открие вистинското значење на домот. Јапонија, 1957 година. Договорениот брак на седумнаесетгодишната Наоко со синот на деловниот соработник на нејзиниот татко ќе го обезбеди статусот на нејзиното семејство во нивната традиционална јапонска заедница. Но, таа се вљубува во друг маж – американски морнар – и ако се омажи со него, ќе донесе голем срам за целото семејство. Кога се дознава дека Наоко носи дете од морнарот, таа е на немилост и е принудена да направи незамисливи избори со последици што ќе влијаат на следните генерации. Америка, денешен ден. Тори Ковач, грижејќи се за својот татко кој умира, наоѓа писмо во кое има шокантно откритие – од кое се доведува во прашање сè што знае за своето семејство и за самата себе. Започнувајќи да ја дознава вистината која ѝ ја открива писмото, Тори заминува на пат во едно оддалечено приморско село во Јапонија, каде што мора да се спротивстави на демоните од минатото за да ја спаси сопствената иднина.

Цена: 450 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач Култура

Report an abuse for product Жената во белото кимоно

Категории: , , ,
ИСБН: 978-608-262-048-0

Questions and Answers

You are not logged in