Златен оков
Автор:
Џанг Ајлинг
Издавач:
ИЛИ-ИЛИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
100 |
Димензии:
20 cm
|
Корица:
/
KЏанг Ајлинг (1920-1995) е родена во Шангај во влијателно аристократско семејство. „Златен оков“ е едно од нејзините први и најуспешни дела, кое излегува во 1943 година во шангајското книжевено списание „Магазин“, а повторно е реиздадено една година подоцна во збирката „Легенди“.
Според многумина, „Златен оков“ е најдобрата кинеска новела во 20. век. Провокацијата за превод на Џанг Ајлинг потекна од фактот дека таа, како што вели преведувачката Сара Цветановска, „ги прекалува искуствата од својата рана младост, прустовски се сеќава и пресеќава, создава уметност од сеќавањата, и преку секогаш новиот книжевен израз, при новото (о)пишување, ги преобличува и самите сеќавања“. „Златен оков“ прават мало ремек-дело, а книжевноста на Аилинг ја споредуваат со онаа на Вирџинија Вулф, Џорџ Елиот, Франц Кафка, Фланери О`Конор...
Оценки
Сѐ уште нема оценки.