Златото на литературата
Автор:
Кристина Николовска
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2013
Оригинален наслов:
Златото на литературата |
Бр. на страни:
116 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
„Златото на литературата“ претставува есеистичко-аналитичен труд посветен на творештвото на Венко Андоновски, односно првата монографска публикација за него. Книгата е резултат на долгогодишното проучување и следење на Николовска на творештвото на овој македонски автор. Како што најавува авторката во воведната белешка, книгата „е дом на разговори со раскошниот и блескав писател полиграф, но и дом на: студии, поетизирани есеи, критики, интерпретации и анализи, понесени од творечката мисија на најчитаниот македонски автор“. Монографијата за Андоновски на Кристина Николовска содржи пет „нивоа“, насловени како „Вовед“, „Разговорница“, „Животологија“, „Празник за науката“ и „Синергии“. „Разговорница“ е разговор на двајца разговорничари, во кој се покренуваат провокативни, досега неотворени теми од областите: феномени на литературното творештво, Ars Poetica, филозофија на творештво, психологија на креација, културологија, итн. Овие разговори се отвораат не само кон литературни, творечки, уметнички и научни теми, туку и кон животологијата: љубовта, емоциите, човечноста, вредностите, итн. Со тоа, делото е поблиску до пошироката публика.
Questions and Answers
You are not logged in