Знаење, информации и очекувања во Модерната Макроекономија
Оваа книга, во чест на Едмунд С. Фелпс, ја уредија Филип Агион (Економски оддел при Универзитетот „Харвард“), Роман Фридман (Економски оддел при Универзитетот „Кембриџ“), Џозеф Стиглиц (Економски оддел при Универзитетот „Колумбија“, добитник на Нобеловата награда за економија во 2001 година) и Мајкл Вудфорд (Економски и банкарски оддел при Универзитетот „Принстон“). Без него не би била тоа што е денешната макроекономија. Во оваа книга се соединети водечките личности што го истакнуваат влијанието на неговите идеи во последните четири декади.
Во четири дела се дадени решенија за макроекономските проблеми со користење голем број нови идеи. Прв дел - информација, динамика на наемнините и бизнис-флуктуации, втор дел - несовршено знаење, очекувања и рационалност, трет дел - детерминанти на рамномерното невработување и во четвртиот дел - образование, техничка промена и раст.
Ова е одлично издание, кое разјаснува дека Едмунд Фелпс придонесува во модерната економија на начин само нему својствен и дека неговата работа е непресушен извор на нови идеи. Овој придонес е од клучно значење не само во развивањето на макроекономијата во последните 35 години туку и за поместувањето на поставените граници.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на ekonomija@arslamina.com.
1 оценка за Знаење, информации и очекувања во Модерната Макроекономија
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –