Сарантински мозаик (комплет)
Автор:
Гај Гавриел Кеј
Издавач:
ИКОНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2016
Оригинален наслов:
Сарантински мозаик (комплет) |
Бр. на страни:
1108 |
Димензии:
129x198 mm
|
Корица:
мека
Пловејќи кон Сарантиум
Сарантиум е златен град: светост за верниците, вдахновение за поетите, скапоцен камен на светот и срце на царството. Занаетчијата Гај Крисп прима таинствен повик од царот и тргнува на пат кон тој блескав град.
Но, пред да стигне во Сарантиум, и неговите таверни и позлатени светилишта, трки со двоколки и палати, Крисп најпрвин мора да помине низ сурови предели преполни со пагански обреди и смртоносни опасности.
Во првиот дел од Сарантинскиот мозаик, Гај Гавриел Кеј ткае неодолива приказна за привлечноста и сплетките на еден величествен град и за луѓето маѓепсани од неговата магија.
Кеј во своето најдобро издание. Сарантиум е огромен, раскошен и опасен... - Locus
Господар на императорите
Сарантиум е златен град: светост за верниците, вдахновение за поетите, скапоцен камен на светот и срце на царството. Мозаичарот Гај Крисп, пристигнува од запад и се соочува со предизвиците на својата уметност високо под куполата на судбината - но наскоро открива дека ниту еден човек не може да се одвои од опасните сплетки на дворот и на градот, ниту да го заборави присуството на меѓусветот, којшто секогаш е блиску. Во Царскиот град пристигнува уште еден патник, Рустем од Керакек, лекар од истокот, којшто воопшто и не претчувствува дека неговата судбина не е само да лекува.
Во овој, Втор и завршен дел од Сарантинскиот мозаик, Гај Гавриел Кеј извонредно вешто ја спојува епската авантура со длабоките размислувања за поврзаноста помеѓу уметноста и моќта и вечната борба на човекот да остави трага зад себе.
Господарот на императорите е прекрасна книга. Не очекував ништо помалку од Гај Гавриел Кеј. - Robert Jordan
ГАЈ ГАВРИЕЛ КЕЈ е роден во Канада. Од 1974 до 1975 година престојува во Оксфорд, каде што му помага на Кристофер Толкин во уредувањето на Силмарилион, чиј автор, таткото на Кристофер, Џ. Р. Р. Толкин, почина во 1973 година. Кеј со своите четиринаесет дела, преведени на повеќе од дваесет и два јазика, ужива углед на водечки романсиер од жанрот на епската фантастика, и редовно се појавува на списоците на најпродавани книги ширум светот.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.