Портрет на уметникот како млад пес

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Portrait of the Artist as a Young Dog | Бр. на страни: 136 | Димензии: 145x205 | Корица: мека

„Портрет на уметникот како млад пес“ е збирка од десет раскази, живописен колаж на спомени од детството на Дилан Томас што го комбинира лиризмот на неговата поезија со искричавиот и зајадлив хумор на популарната радиодрама „Под млечната шума“.

И сосема е мал бројот на авторите што успеале да ги евоцираат толку успешно мистериите и авантурите на раната возраст, на младешката љубов и неостварените соништа, на смртта надвисната над две разиграни деца. Причината е видлива од почеток, уште од првата страница: Томас го црпи материјалот од најдлабоките рудници на своето „јас“, диво раскопувајќи околу срцето, внимателно чистејќи ги грубите форми низ раскошен јазик за конечно да ги изложи пред нас исполираните дијаманти на сепството во сиот нивен огледален блесок.

Трезен фантазер, барокен збороковач, траурен лакрдијаш, арлекин – Дилан Томас е можеби последниот боем во историјата на книжевноста; еден од неговите најпознати епитети, „Рембо од Комдонкин драјв“, можеби никогаш не бил облагороден со јасноста што ја стекнува низ страниците од оваа збирка.

Цена: 300 ден

100 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Портрет на уметникот како млад пес

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-387-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Портрет на уметникот како млад пес”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in