Прва помош за самовили

Автор: Лари Дон
Издавач: Вермилион | Јазик: Македонски | Година: 2012
Оригинален наслов: First Aid for Fairies and Other Fabled Beasts | Бр. на страни: 210 | Димензии: 20см | Корица: мека

Романот „Прва помош за самовили и други ѕверки од сказните“ покажува зошто критиката ја прогласи авторката Лари Дон за „новото големо име во литературата за деца.“ Една вечер Хелен ја отвара вратата и на својот праг наоѓа необично момче. Момче на кое му е потребна прва помош... од ветеринар. Но мајката на Хелен, локалниот ветеринар, верува само во книги за наука и нема да поверува во ова момче, па затоа Хелен ја позајмува ветеринарната опрема, му ја лекува раната и дознава како се повредил. Така Хелен тргнува во потрага по една изгубена книга, учествува во битка кај шумата Бордерс, заседа во Оркни и бркотница низ темните тунели под Единбург. Таа открива дека има дарба за гатанки и прва помош и се запознава со многу други ѕверки од приказните. Шкотската авторка Лари Дон е родена во Чиле. Добитник е на наградата Канонгејт во 2001 година. Живее во Леит како писател и раскажувач, посетува училишта и зборува за своите книги за деца и раскажува традиционални шкотски приказни низ целиот свет. Преводот од англиски јазик е на Марија Тодорова, добитничка на наградата „Златно перо“ за најдобар превод.

Цена: 300 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Вермилион

Report an abuse for product Прва помош за самовили

Категорија:
ИСБН: 9786086528553

Questions and Answers

You are not logged in