Прва помош за самовили
Автор:
Лари Дон
Издавач:
Вермилион |
Јазик:
Македонски |
Година:
2012
Оригинален наслов:
First Aid for Fairies and Other Fabled Beasts |
Бр. на страни:
210 |
Димензии:
20см
|
Корица:
мека
Романот „Прва помош за самовили и други ѕверки од сказните“ покажува зошто критиката ја прогласи авторката Лари Дон за „новото големо име во литературата за деца.“ Една вечер Хелен ја отвара вратата и на својот праг наоѓа необично момче. Момче на кое му е потребна прва помош... од ветеринар. Но мајката на Хелен, локалниот ветеринар, верува само во книги за наука и нема да поверува во ова момче, па затоа Хелен ја позајмува ветеринарната опрема, му ја лекува раната и дознава како се повредил. Така Хелен тргнува во потрага по една изгубена книга, учествува во битка кај шумата Бордерс, заседа во Оркни и бркотница низ темните тунели под Единбург. Таа открива дека има дарба за гатанки и прва помош и се запознава со многу други ѕверки од приказните. Шкотската авторка Лари Дон е родена во Чиле. Добитник е на наградата Канонгејт во 2001 година. Живее во Леит како писател и раскажувач, посетува училишта и зборува за своите книги за деца и раскажува традиционални шкотски приказни низ целиот свет. Преводот од англиски јазик е на Марија Тодорова, добитничка на наградата „Златно перо“ за најдобар превод.
Questions and Answers
You are not logged in