Алгоритми за планирање

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: Planning algorithms | Бр. на страни: 840 | Димензии: 170х260 | Корица: /

Стивен М. Лавал е вонреден професор по компјутерски науки на Универзитетот „Илиноис“ во Урбана, Шампејн. Повеќе од една деценија работел на планирање на движењето и на роботиката и објавил голем број научни трудови од ова поле. Тој е главен развивач на алгоритамот за брзопребарувачките случајни дрва (БСД) што се користи во голем број истражувачки лаборатории и индустриски производи низ светот. 

Книгата на Стивен Лавал дава одличен приказ на тековните достигнувања во областа. Треба да ја има секој што се занимава со истражување на планирање на движењето или користи планирање на движењето во апликациите.

Алгоритмите за планирање имаат влијание врз техничките дисциплини и врз индустриите во светот, вклучувајќи ги роботиката, компјутерски поддржаниот дизајн, производството, компјутерската графика, воздушно-вселенските апликации, дизајнирањето лекови и свиткувањето на протеините.

Оваа кохерентна и сеопфатна книга го спојува материјалот од неколку извори, вклучувајќи: роботика,теорија на контрола, вештачка интелигенција и алгоритми. Вниманието е насочено кон планирање на движењето на роботот, но го интегрира материјалот за планирање во неограничени простори.

Голем дел од книгата е посветен на планирањето во услови на неизвесност, вклучувајќи ги теоријата за донесување одлуки, Марковиот процес за донесување одлуки и информациските простори, кои претставуваат „конфигурациски простори“ на сите проблеми за планирање засновани врз предвидување. 

Оваа книга, создадена од курсевите што ги предавал авторот, е наменета за студенти, инженери и истражувачи од областа на роботиката, вештачката интелигенција и теоријата на контрола, како и од компјутерската графика, алгоритмите и пресметковната биологија.


Цена: 2990 ден

50 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Алгоритми за планирање

Категорија:
ИСБН: 978-608-229-994-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Алгоритми за планирање”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in