Алгоритми за планирање
Стивен М. Лавал е вонреден професор по компјутерски науки на Универзитетот „Илиноис“ во Урбана, Шампејн. Повеќе од една деценија работел на планирање на движењето и на роботиката и објавил голем број научни трудови од ова поле. Тој е главен развивач на алгоритамот за брзопребарувачките случајни дрва (БСД) што се користи во голем број истражувачки лаборатории и индустриски производи низ светот.
Книгата на Стивен Лавал дава одличен приказ на тековните достигнувања во областа. Треба да ја има секој што се занимава со истражување на планирање на движењето или користи планирање на движењето во апликациите.
Алгоритмите за планирање имаат влијание врз техничките дисциплини и врз индустриите во светот, вклучувајќи ги роботиката, компјутерски поддржаниот дизајн, производството, компјутерската графика, воздушно-вселенските апликации, дизајнирањето лекови и свиткувањето на протеините.
Оваа кохерентна и сеопфатна книга го спојува материјалот од неколку извори, вклучувајќи: роботика,теорија на контрола, вештачка интелигенција и алгоритми. Вниманието е насочено кон планирање на движењето на роботот, но го интегрира материјалот за планирање во неограничени простори.
Голем дел од книгата е посветен на планирањето во услови на неизвесност, вклучувајќи ги теоријата за донесување одлуки, Марковиот процес за донесување одлуки и информациските простори, кои претставуваат „конфигурациски простори“ на сите проблеми за планирање засновани врз предвидување.
Оваа книга, создадена од курсевите што ги предавал авторот, е наменета за студенти, инженери и истражувачи од областа на роботиката, вештачката интелигенција и теоријата на контрола, како и од компјутерската графика, алгоритмите и пресметковната биологија.
Reviews
There are no reviews yet.