Брдо

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Brdo | Бр. на страни: 117 | Димензии: 200х140 | Корица: /

„Брдо“ е награден со прва награда на анонимниот конкурс на хрватската издавачката куќа V.B.Z, во конкуренција на дури 137 ракописи. Се смета за едно од најдобрите дела објавени во последните две-три години во хрватската литература. Беше финалист и за други книжевни награди во Хрватска и во регионот.

Главниот протагонист, истовремено и наратор во „Брдо“, поранешен маркетиншки менаџер, ги напушта својата граѓанска егзистенција, промоциите, отворањата на изложби, поканите и говорите за да се искачи на брдото кое доминира на некој јадрански остров и оттаму, од напуштена воена караула, цело лето го чува островот од пожари. Таму, во друштво на остарено магаре, го доживува врвот во својот живот. Ги минува трите најважни, најтажни и најсреќни месеци во својот живот.

Префинетиот стилски израз овозможува читателот да ја запознае јунаковата внатрешност, а на брдото, односно во приказната, покрај него се јавуваат современи поклоници кои доаѓаат на духов­ни подготовки, бајкери, изгубени души на новото време, војни­ци со поствоен синдром, ловци, злостор­ници: островот ги памети трауматичните 90-ти години од тие простори. Сето тоа е распослано во реалистична но суптилно рас­кажана приказна, токму онака како што се испишува најуба­вата поезија. Ова е длабоко вознемирувачки текст, исполнет со емоции...

„Во средиштето на ’Брдо‘ е еден од најважните проблеми на нашата доба: губењето на идентитетот. Но романот не се исцрпува само во тоа, туку на читателот непрекинато му се откриваат нови слоеви. Така ’Брдо‘ може да го читаме и како приказна за современиот светец. Можеби човекот кој чува други луѓе од пожар и наоколу дели леб е навистина св. Фрањо на нашето време? Овој сјаен и комплексен роман ќе ни помогне да го препознаеме.“ (Зоран Фериќ)

„Стилски изграден, поетски вдахновен, тематски актуе­лен и со симболи прошарен роман со голема моќ и човечност. Навистина, добро е, убаво е тоа ’Брдо‘“ (Јагна Погачник)

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 150 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Брдо

Категорија:
ИСБН: 978-608-252-019-3

1 оценка за Брдо

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in