Чудовиштето доаѓа

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: A monster calls | Бр. на страни: 180 | Димензии: 140х205 | Корица: мека

Чудовиштето доаѓа во времето на необичните суштества, неколку минути по полноќ. Но Конор воопшто не се плаши од она што се појавува пред неговата куќа. Тој го очекува чудовиштето од своите кошмари преполни со темнина и ветар, она кое го измачува речиси секоја ноќ. Чудовиштето што доаѓа кај него е древно, диво, чудесно, тоа знае да раскажува приказни и од Конор го бара најопасното – ја бара вистината... Истовремено мрачен и длабоко човечки роман за загубата, семејството, тагата и созревањето, роман за реалните и имагинарните чудовишта со кои се соочуваме сите ние – и децата и возрасните. Токму поради тоа, во овој роман наменет за младите читатели еднакво ќе уживаат и сите кои некогаш биле млади. „Моќна модерна бајка за надежта и тагата, која ќе ги трогне читателите со својата емотивност и едноставност.“ Publishers Weekly „Чудовиштето доаѓа е ремек-дело во современата литература. Роман кој ќе ги научи младите читатели дека умешноста на книжевноста се состои во тоа да се преплетуваат солзите и насмевките.“ The Guardian

Цена: 299 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Чудовиштето доаѓа

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-477-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Чудовиштето доаѓа”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in