Јужњаци марш
Романот функционира како некоја енциклопедија на културите од поранешна Југославија, место каде што се мешаат вкусовите на сарма и традиционалната балканска музика, каде што становите се пренаселени и низ тенките ѕидови продираат разните јужњачки акценти и караници особено кога се игра маалски фудбал.
Љубљанското гето Фужине се открива преку живописниот сленг, кој авторот го користи за да ја опише адолесцентската младост на Марко и проблемите што тој ги има со своето потекло, со идентитетот, со родителите, со предрасудите и стереотипите.
Животите на раазличните жители на Фужине се раскажуваат со живописниот јазик на Марко полн со горчливо-слатки хуморни сегменти. Ова е една елегантна приказна, уникатна во Словенија по третманот на нејзината разноликост.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.