Шест степени слобода
Автор:
Никола Дикнер
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
Шест степени слобода |
Бр. на страни:
284 |
Димензии:
195x125
|
Корица:
мека
„Шест степени слобода“ е роман за современото бегство од монотоното секојдневие. Обидот на Лиза, млада девојка со многу мечти и малку пари, да се ослободи од границите и притисоците на нуклеарните (семејни) и комплексните (државни) социјални структури, е ситуиран во необичен контекст: габаритниот и сложен свет на меѓународниот товарен поморски транспорт. Во подвигот ѝ помагаат хакерот Ерик, другар од детството, и Џеј, службеничка во Кралската канадска жандармерија, заробена во системот од кој Лиза се обидува да избега. Во романот се сопоставени агорафобичноста и клаустрофобичноста на различните карактери, индустриската автоматизираност и провинцијалниот пејзаж, дигиталните тврдини и индивидуалната проникливост, обврските кон надворешниот свет и интимните копнежи, животот под лупа на безбедносните служби и фантомското измолкнување.
Questions and Answers
You are not logged in