Парадоксален сон

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: Парадоксален сон | Бр. на страни: 208 | Димензии: 125х195 | Корица: /

Митко Маџунков е прозаист со систем, со една своја прозна митологија, во која истовремено, на истото јазично-симболичко рамниште, суштествуваат реалиите од објективната стварност и рефлексиите од ноќната, ониричката страна на човековиот (писателовиот) живот, во која – натаму – наизменично се менуваат или проникнуваат симболот и алегоријата, реалниот податок и одблесокот на фантастичниот поттекст, парадоксот и еден естетски благотворен сигнал на параболата… Неговите трошки се, небаре, животни честички, исфантазирани и алегоризирани микроуниверзуми, во кои со една лирска рафинираност на исказот поетички се посредува меѓу интелектуалната и ониричката симболика, тука и таму и со ироничните рефлексии како вид катализатори, со кои се интензивира едно, по превасходство, модерно ефектуирање на прозниот дискурс… тоа се живи клетки од кои настануваат посложени прозни организми; некои се записи со автохтона структура, идејно и стилски завршени, речиси скулптурирани од една мисла, мечта и збор; некои се песни во проза, со право и на поинаков графички изглед; некои се новелети, со навестена фабула и силуетирани ликови. А сите тие текстови, всушност, се исечоци од еден долг сон чии испрекинатости ја симболизираат испрекинатоста на човечката егзистенцијална патека, некохерентноста на човековиот живот полн со загрозености, загуби, чудесии, смрти и почетоци. Има едно карактеристично прашање, поставено од М. Маџунков во фрагментот „Леб“: „Може ли од трошките што паднале под софрата пак да се создаде лебот?“ Може и не може, во зависност од творечката моќ на оној што создава! Примерот на Маџунков е очигледно многу поучен: еден уметник на сонувањето, еден алхемичар на зборот, каков што е тој, може и од трошките да создава, бидејќи ја познава не само магијата на создавањето ами и анатомијата на лебот. Миодраг Друговац

Цена: 200 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Парадоксален сон

Категорија:
ИСБН: 978-608-230-464-9

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Парадоксален сон”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in