На маргините

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2016
Оригинален наслов: La marge | Бр. на страни: 208 | Димензии: 20 | Корица: /

На маргините е приказна за Сигизмонд Понс, Французин кој заминува на кусо деловно патување во Шпанија оставајќи ги зад себе својата млада сопруга и синот. Кога стигнува во Барселона, прима писмо пратено од неговата домашна адреса. Го отвора и се смрзнува од ужас откако ќе наѕре одвај неколку зборови: „Скокна од врвот. Веднаш почина.“

Емотивно неподготвен да продолжи да чита понатаму, тој го става писмото в џеб и вкочанет како месечар живее три дена во озлогласената област на проституцијата во Барселона. Овде неговиот ум постепено успева да се кристализира околу две слики, две претстави: онаа на љубовта, која се јавува во форма на една многу млада проститутка, и онаа на смртта, која се јавува во форма на самиот град во кој моментално се наоѓа, а кој, како и цела Шпанија, живурка под диктатурата на Франко. Ближејќи се до крајот на „маргината“, по која тој свесно одлучува да чекори, во еден миг го исчитува писмото во целост, дознавајќи дека ужасот кој го опседнувал три дена бил уште подлабок и пострашен.

На маргините во 1976 година е екранизиран под истиот наслов и под режисерката палка на контроверзниот Валеријан Боровчик.

Цена: 200 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product На маргините

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-626-1

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “На маргините”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in